2016-09-05 11:25:00

Благодарница за Македонски Каритас


Во склоп на татковинската прослава „Денови на Света Мајка Тереза“, на 5 септември 2016 година во спомен куќата на Света Мајка Тереза, Граѓанската Асоцијација Скопјанката Мајка Тереза додели благодарници и статуетки со ликот на Мајка Тереза на хумани личности и организации кои се докажале во хуманото делување.

Присутните ги поздрави почесниот претседател на Граѓанската асоцијација проф. д-р Љупчо Ајдински, како и претседателот на истата г-дин Димче Петрушевски кои што во своите поздравни говори говореа за ликот и делото на Св. Мајка Тереза.

Меѓу наградените организации е и Македонски Каритас – Хуманитарна организација на Католичката Црква во Република Македонија. Наградата ја прими монс. Антун Циримотиќ, директор, кој што се заблагодари за благодарницата и статуетката и накратко им ја долови на присутните мисијата на Македонски Каритас – помагање на сите луѓе во потреба без разлика на нивната национална, верска или идеолошка припадност. Македонски Каритас делува во Македонија веќе 25 години.

Освен Македонски Каритас статуетки со ликот на Света Мајка Тереза и благодарници оваа година добија: УНХЦР – г-дин Мухамед Ариф, Црвен Крст – г-дин Слободан Митровиќ, г-дин Влaтко Георгиевски – МИК Свети Николе и г-дин Веле Богатиновски.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.