2016-09-07 11:28:00

Папата се сретна со докторката Мариела Енос


Светиот Отец на 6 септември 2016 година во домот Света Марта се сретна со Мариела Енос претседателка на управниот одбор на детската болница Бамбино Џезу. Таа потоа ја посети педијатриската амбуланта Света Марта во Ватикан и подари ултразвук од болницата Бамбино Џезу.

Осврнувајќи се на средбата со Папата во разговор за Радио Ватикан докторката рече дека средбата се одвивала во голема семејна атмосфера. Веднаш се почувствував пријатно затоа разговорот беше многу едноставен и искрен. Папата внимателно го слушаше она што му го зборував. Многу ме охрабри за работата во болницата: навистина ја имам неговата поддршка како и од неговиот државен секретар – рече докторката додавајќи дека на Папата му зборувала и за проектот за Африка, за детската болница во Банги што многу го интересираше затоа што Африка ја носи во срцето – истакна докторката Енос. (...)

На забелешка дека Папата посебно е чувствителен на страдање на децата стакна дека на Папата му пренела дека во римската болница доаѓаат деца од целиот свет, исто така и некои кои не можат да го платат лекувањето; ние ги прифаќаме затоа што тоа треба да го прави болницата, тоа треба да биде сведоштво на една болница која ги живее христијанските крепости. Му кажав дека така треба да постапува секоја болница, а не само Бамбино Џезу, Папската болница како што велат во Рим, затоа што секоја болница има корени во Евангелието. Му кажав на Светиот Отец дека според мене нашата научна – истражувачка работа е многу важна и ја извршуваме за да бидеме на сите на услуга.

Осврнувајќи се на посетата на педијатриската амбуланта Света Марта во Ватикан стакна дека денешниот ден ќе и остане во сеќавањето како благослов кој и го дал Светиот Отец. Сеќавањето на овој настан гарантирано засекогаш ќе остане во моето срце, а подарокот ултразвук за педијатринската болница е покажување на она што некоја болница треба да го прави – заврши докторката Енос.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.