Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Документи

Потпишан договор меѓу Ватикан и Централноaфриканска Република

Потпишан договор меѓу Ватикан и Централноaфриканска Република - AFP

08/09/2016 10:44

Во вторник, 6 септември 2016 година во Палата на преродбата, во Банги, во седиштето на Претседателството на Републиката, е потпишан Рамковен договор за прашања од заеднички интерес помеѓу Светиот Престол и Централнoaфриканска Република.

За Светиот Престол потписник беше монс. Франко Копола, надбискуп на Винда и апостолски нунциј во Централноaфриканската Република, а за Централноафриканската Република, Чарлс Армел Дубан, министер за надворешни работи, Африканска интеграција и Централноафриканците во странство.

Рамковниот договор, кој се сосотои од Вовед и 21 член, ја дефинира правната рамка за односите меѓу Црквата и државата, уредувајќи ги прашањата од заеднички интерес. Двете страни се обврзуваат дека заедно ќе соработуваат за морална, духовна и материјална благостостојба на луѓето и за промовирање на општото добро. Рамковниот договор ќе стапи на сила после размена на нструментите за ратификација – се вели во соопштението.

РВ/к.мк

08/09/2016 10:44