2016-09-08 11:06:00

Видео порака на Папата за молитвената накана за септември


Човештвото поминува низ криза која не е само економска и финансиска... таа исто така е и еколошка, образовна, морална и човечка – се зборовите на Светиот Отец кој во 2013 година ги изговори на Папскиот теолошки факултет Сардинија во Калгари, а кои во понеделникот на 5 септември ги повтори во својата видео порака за наканите на Апостолатот за молитви за месец септември.

Кога се зборува за криза – продолжува Светиот Отец – се зборува за опасностите, но и за можностите. Но, за каква пригода станува збор? – запраша папата Фрањо и продолжи – на можноста за солидарност... Дојди, помогни ми... Сите да придонесат за општото добро и градењето на општеството кое во својот центар ја става човечката личност – стои на крајот од видео пораката на Папата.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.