2016-09-10 12:12:00

Средба на свештенството и монаштвото во Македонија


Во попладневните часови во петок 9 септември 2016 година во рамките на Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“ во просториите на Пасторалниот центар при катетралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа духовна средба на свештенството и монаштвото од Скопска бискупија и Апостолскиот егазрхат во Македонија.

Средбата ја отвори парохот дон Давор Топиќ, а предавање одржа патер Антун Воленик СЈ, кој говореше за света Мајка Тереза и нејзината поврзаност со Дружбата Исусова и мисионерот Анте Габриќ.

На крајот од средбата Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов се заблагодари на патер Антун Волењак за исцрпното и содржински богато предавање.

Средбата заврши со можност за света Исповед и света Литиргија во капелата на Пасторалниот центар.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.