2016-09-18 16:50:00

Папата со учесниците на Курсот за формација на нови бискупи


Црквата мора да дозволи Господ да ја растресе за да биде блику до луѓето и да им даде милосрдие, рече папа Фрањо на учесниците на курсот за формација на нови бискупи кој се одржува оваа недела во Рим во организација на Конгрегацијата за бискупи во соработка со Конгрегацијата за Источните Цркви.

Бискупите во својата мисија се повикани да го стават Божјото милосрдие присутно во пасторалот. Тоа не е лесна задача, рече папа Фрањо, затоа што мора да стане допирливо, достапно, да се среќава во месните Цркви за да Црквата стане дом во кој живее светоста, вистината и љубовта. Такво милосрдие, истакнува Папата, може да му понудиме на овој „просјачки свет“, привлекувајќи ги луѓето кон Бога, без да паднеме во искушение на привлекување кон себе.

„Светот е уморен од лажни илузионисти. Уморен од, се осудува да кажам т.н. „модерни свештеници“ или „модерни бискупи“. Божјиот народ тоа го чуствува – и се оддалечува кога ги препознава нарцисоидите, манипулаторите, борците за сопствени цели, промоторите на залудни војни. Наместо тоа, трудете се да му угодите на Бог, кој секогаш доаѓа пред вас“, поттикна Папата.

Од друга страна, продолжува Светиот Отец, на луѓето им е потребно милосрдие, затоа што се свесни дека се „ранети и полумртви“ и пружаат рака за да испросат милосрдие. Нас ни се потребни луѓе способни во срцето на денешниот човек да пробудат желба за слушање на Господ, почитувајќи ја тишината која тоа слушење го овозможува. „Бог никогаш не се откажува. Ние сме навикнале на откажување и често се прилагодуваме (...) и измислуваме огорчено оправдување за мрзеливоста“, рече Папата.

Папата повикува на отвореност кон Божјето охрабрување – кое ќе нè дестабилизира, ќе не помести од местото. Само Божјото милосрдие го чува човекот од целосна изгубеност. Верниците треба да се гледаат во нивната единственост, користејќи го секое средство и не штедејќи се за да дојдат до нив. Папата ја нагласува и важноста на иницијацијата, на секое поле: секоја црква треба да иницира во патот на љуовта, денес, кога се изгуби чуството за иницијација, рече Папата. Таа иницијација е потребна во приоритетите на воспитувањето, во пренесувањето на содржината и вредноста, на неа нè поттикнува и „неписменоста во чувствителноста“, прашањето за повици, расудувањето во семејството, миротворството: „насекаде е потребна иницијација и водење, постојаност, трпеливост  и упорност – и по тоа се разликува добриот пастир од платениот“ толкува Папата.

Семинариите се стурктурни иницијации на локалната Црква. „Нека броевите и квантитетот на повиците не ве доведе во искушение. Напротив, барајте квалитет. Ниту броеви, ниту количина: само квалитет. А на семинаристите немојте да им го скратите вашето сигурно и нежно татковство“.

Нека семинаристите растат „до точката во која ќе можат слободно да стојат во Бога, мирни и спокојни“, а не како жртва „на сопствената фантазија, подложни на своите слабости“, туку како слободни да прифатат што од нив бара Бог. Потребно е и да внимавате да не бараат засолниште во немилосрдноста: зашто во суровоста секогаш се сокрива „нешто грозно“, предупреди Папата.

Свештенството е потребно да се следи со трпелива грижа. „Ве молам, постапувајте со голема внимателност и одговорност кога ги прифаќате кандидатите или кога именувате свештеници во своите локални Цркви. Ве молам за внимателност и одговрност. Сетете се дека од почетокот се сакаше неразделен однос меѓу месната Црква и свештениците, никогаш не се прифаќало лутачко свештенство кој преоѓа од едно место во друго. Тоа е болест на нашето време“.

Истовремено, ја препорача и грижата за семсјтвото: потребно е да го охрабрувате бескрајното добро што семејството го шири во општеството и во мудрост и сочуство да ги следите ранетите семејства.

„Немојте само да преоѓате покрај нивните слабости. Застанете за да вашето пастирско срце го насочи погледот на нивните рани, приближете се нежно и без страв. Ставете пред нивните очи радост на вистинска љубов и милост кои Бог ги воздигнува на учествување во својата Љубов“, порача папа Фрањо.

РВ/к.мк

 








All the contents on this site are copyrighted ©.