2016-09-21 09:30:00

Меѓурелигиска средба за мир во Асизи


На 18 септември во Асизи започна Меѓурелигиската средба за мир, а свечената света Литургија во базиликата Свети Фрањо ја служеше месниот епископ Доменико Сорентино.

На 18 септември во Асизи започна Меѓурелигиската средба за мир, а свечената света Литургија во базиликата Свети Фрањо ја служеше месниот епископ Доменико Сорентино додека концелебрираа 18 кардинали и епископи, меѓу нив и поранешниот претседател на Папскиот совет за екуменизам, кардинал Валтер Каспер. На литургиското славење присуствуваа бројни источноцрковни достоинственици.

Епископот Сорентино во својата проповед ја истакна социјалната правда како предуслов за мирот. На крајот од животот секој човек ќе биде суден со оглед на односот кон оние во потреба. „Сиромашните ќе бидат наши судии или наши правници,“ рече епископот. Потсети и на првата меѓурелигиска средба за мир во Асизи која папата Иван Павле II ја свика точно пред 30 години.

Како што веќе е најавено доаѓање на папата Фрањо се очекува во вторник. На средбата ќе учествува и италијанскиот претседател Серџио Матарела. Се очекуваат повеќе од 500 официјални учесници претставници на различни религии и институции кои ќе учествуваат во работата на 30 панели и заеднички молитви. Освен темата за мирот ќе се зборува и за правото на храна, миграцијата и заштитата на околината. Заедницата Свети Егидиј една од соорганизаторите на средбата проценува дека во Асизи би требало да пристигнат околу 12.000 верници.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.