Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Ватикан пристапи кон Конвенцијата на OОН против корупција

Кардинал Пиетро Паролин во Обединетите Нации - RV - REUTERS

27/09/2016 10:43

На 23 септември 2016 година во исто време во Ватикан и во седиштето на Организација на Обединетите Нации во Њуjорк е обајавено дека Светиот Престол минатиот понеделник пристапи кон Конвенцијата на Обединетите нации против корупција.

Папата повеќе пати јасно порача дека на срце му е блиска соработката на Светиот Престол и Обединетите Нации.

Таканаречената Конвенција од Мерид од 2003 година – на глобално ниво – е важно оружје во борбата против корупцијата во јавната администрација. Таа ја регулира меѓународната соработка за прашањата како што се екстрадиција на осомничените, одземање на стока, и заштита на сведоците. Светиот Престол пристапи кон конвенцијата во име на државата Ватикан и се обврза на активна борба против корупцијата. Тоа вклучува и донесување закони против корупција, меѓу кои и закон против перење пари.

Секретарот за односи со државите, надбискупот Ричард Галагер, вели дека „важни одредби“ на Конвенцијата од Мерид се веќе усвоени. Моту проприо на папата Фрањо од април 2013 година ги интегрира важните одредби во ватиканскиот закон. Сепак, продолжува Галагер, поединечни канцеларии на куријата и државата Ватикан ќе мора да ги ревидираат своите принципи за управување во согласност со Конвенцијата на Обединетите нации.

Додаваме дека на ратификацијата присуствуваше државниот секретар на Светиот престол, кардинал Пиетро Паролин. Конвенцијата ќе стапи во сила на 19 октомври, а Ватикан со овој чин сака да се вклучи во глобалната борба против корупцијата, која папта Фрањо ја означи како „мачител на човештвото“.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

27/09/2016 10:43