2016-10-03 09:35:00

Бегалците и интеграцијата во Европа


Во австрискиот град Клагенфурт од 30 септември до 02 октомври 2016 година во организација на повеќе католички организации од Австрија и Германија се одржа симпозиум на тема: „Странев бев и вие ме прифативте“.

На симпозиумот присуствуваа претставници од десетина европски земји, бегалци и католички дејци во Сирија, Либанон, Иран и Јордан, а од Македонија присуствуваа о. д-р Зоран и. Стојанов и о. Гоце Костов.

На симпозиумот беа разгледани различните погледи на новонастанатата ситуација со мигрантите во 2015 и 2016 година, анализирајќи ги различните социјални, економски, теолошки и морални погледи на миграциската криза во Блискиот Исток и нејзината рефлекција во европските држави.

На излагањата од еминентни учесници во дискусијата на собирот се изнесоа многу статистички податоци и реалности кои претставуваат сериозен предизвик на идното време. Најголем аплауз и задоволство предизивика кога претставникот на полската бискупска конференција, бискупот Кшиштоф Задарко за решение на новонастанатата ситуација го пренесе апелот на папата Фрањо: „Отворете го вашето срце за мигрантите“.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.