2016-10-03 09:45:00

Средба на Папата со каритативните работници во Тбилиси


На 1 октомври 2016 година попладне папата Фрањо се сретна и со каритативните работници и нивните штитеници во каритативниот центар на оците камилијанци во Тбилиси.

Папата на каритативните работници им порача дека со својата грижа на посебен начин ја изразуваат љубовта кон ближниот која е карактеристика на Христовите ученици и исто така им се заблагодари за великодушната посветност на оние во потреба.

Светиот Отец истакна дека нивната работа е пат на братска соработка помеѓу христијаните во оваа земја и верниците од различните обреди и ги охрабри да го следат „тој пат кој бара, но повторно е плодоносен пат: сиромашните и слабите се „телото Христово“ кои ги повикуваат христијаните од сите конфесии поттикнувајќи ги да делуваат без личен интерес, следејќи го единствено поттикот од Светиот Дух.“

Папата Фрањо на посебен начин ги поздрави старите, болните, луѓето кои трпат како и оние од бројните каритативни организации кои им помагаат. „Среќен сум што можам да бидам со вас некое време за да ве охрабрам. Бог никогаш не свртува грб, секогаш ви е близу, подготвен да слуша, да ви даде сила во тешките времиња“ рече Папата. Истакна дека задачата на каритативните работници е голема и ги охрабри да продолжат да ја живеат љубовта која себе се дарува во Црквата, покажувајќи во сите подрачја на општеството искрената љубов која доаѓа од Бог.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.