2016-10-10 10:19:00

Духовна средба на богопосветените лица во Петралинци


На 8 октомври 2016 година во католичката црква „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци се одржа Трета духовна средба на богопосветените лице во Годината на милосрдие, во организација на монашките заедници во Македонија: сестрите Евхаристинки, сестрите Мисионерки на љубовта, сестрите Усмиленки и Движењето на Фоколарини.

На почеток парохот о. Ѓорѓи Појразов го поздрави Н.В.П монс. д-р Киро Стојанов и присутните чесни сестри. Потоа следуваше наговор одржан од страна на домашниот парох Појразов кој се осврна на темата за делата на Божјото милосрдие. Во својот наговор ги поттикна сестрите според сопствената харизма: со молитва, со грижа за болните и сиромашните, конкретно со сопствениот живот да прават дела на милосрдието.

Средбата продолжи со Евхаристско обожавање, при што во текот на обожавањето сестрите молеа и света Бројаница, а имаше и можност за света Исповед.

По Евхаристското обожавање се служеше света Литургија која ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов кој одржа и пригодна проповед. Во својата проповед тој ги поттикна и охрабри сестрите да ги отворат вратите на своите манастири.

Средбата заврши со заедничко агапе во парохиската сала.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.