2016-10-10 10:43:00

Папата се сретна со надбискупот на Кантербери Џастин Велби


На 6 октомври 2016 година папата Фрањо го прими надбискупот на Кантербери Џастин Велби и останатите преставници на англиканската заедница. Се присети на историската средба помеѓу блажениот Павле VI и надбискупот Ремзи пред 50 години која доведе до постепено зближување засновано на теолошки дијалог.

Потоа Папата заедно со присутните зборуваше за темите „молитва, сведоштва и мисија“ како темели на „нашето заедничко патување.“

Така Светиот Отец поттикна на постојана молитва за дарот на единството. Освен тоа Папата упати повик до присутните да го негуваат богатството на средбата и размената, богаството на екуменизмот и истакна „дека сме повикани секојдневно да му го нудиме на светот она на што Исус нè повика „на меѓусебно помагање за барањата на Евангелието да останат централни и конкретно да се дадеме за оваа мисија.“

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.