Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Надбискупот Марио Зенари ќе биде прв кардинал - нунциј

апостолски нунциј Марио Зенари - RV

13/10/2016 10:18

Најавувајќи ги имињата на новите кардинали, Светиот Отец најпрво го спомна надбискупот Марио Зенари апостолски нунциј во Сирија кој и по конзиториумот на 19 ноември ќе остане со сирискиот народ погоден од долгогодишната војна.

Зборувајќи за неочекуваното именување во разговор за Радио Ватикан, надбискупот рече дека веста добро го вознемирила. „Слушајќи го своето име, навистина останав изненаден...“ Од срце му благодарам на Светиот Отец затоа што овој пурпур оди за Сирија, сириските жртви и сите оние кои трпат во овој ужасен конфликт. Значи кардиналската боја е за овој народ, за големиот број деца кои страдаат, за кутрите луѓе кои ги сносат последиците од ужасниот конфликт – рече нунциј Зенари.

На забелешка дека Папата нагласи дека ќе остане во Сирија како нунциј, монс. Зенари истакна дека Папата во своите пораки користи силни зборови, така е и во овој случај и настан односно именување на кардинал-нунциј во Сирија. Ова е посебен настан: станува збор за нешто сосема ново, за кардинал кој останува на должноста нунциј – рече нунциј Зенари.

На прашањето што како кардинал може да направи за Сирија рече дека не е важна неговата личност, но дека сака овој знак на Светиот Отец да се искористи на најдобар начин. Мојата работа е позната, а сега ја има и оваа поддршка. Чувствувам сила, поттик; чувствувам нова силна поддршка од Светиот Отец за мојата личност и моите граници. Се чувствувам охрабрен, а можам да кажам дека Светиот Отец го смета за важно посланието на нунцијот и силно го поддржува. Овој знак на близината на Папата гарантирно ќе донесе плод, исто така и на овој нов начин кој Папата го сакаше – заврши нунциј Марио Зенари.

РВ/к.мк

13/10/2016 10:18