Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Шпанија: Кардинал Паролин за Павле VI како Папа на мирот

Кардинал Пиетро Паролин Папски државен секретар на Светиот Престол се сретна со кралот Филип VI - EPA

15/10/2016 09:54

Кардинал Пиетро Паролин Папскиот државен секретар по посетата на Португалија пристигна во посета на Шпанија; каде што во седиштето на Шпанската епископска конференција отвори симпозиум во чест на Павле VI на кој што одржа говор за понтификатот на папата Монтини.

На 14 октомври 2016 година во Мадрид се сретна со кралот Филип VI и со шпанскиот премиер Маријано Рахој, а потоа во седиштето на Шпанската епископска конференција го отвори симпозиумот во чест на блажен Павле VI кои го организираа шпанските епископи по повод 50 годишнината од основањето на Шпанската епископска конференција, чиј статутот го одобри папата Павле VI.

Отвoрајќи го симпозиумот, кардиналот говореше за придонесот на Павле VI за светскиот мир, потсетувајќи во прв ред дека многумина му се обраќале на папата Монтини со: Папа на дијалогот, Папа на Вториот ватикански собор, Папа на екуменизмот, Папа поклоник, Папа на цивилизација на љубовта, Папа бранител на животот, Папа на мирот и така на ред. Кардиналот потсети на неговиот познат апел во Обединетите нации на 4 октомври 1965 година „Jamais la guerre!“ – „Никогаш повеќе војна!“

Таа била храбра посета без преседан во историјата на Папата, на која претходело патувањето во Индија во 1964 година со предлог за основање на Светски фонд за сиромашните држави. Павле VI во 1967 година ја формира Папската комисија Правда и мир која потоа се претвора во Папски совет за правда и мир. Тој исто така во 1967 година ја објавува позната енциклика „Populorum progression“ во која тврди дека развојот е новото име на мирот.

Папата Монтини, продолжи кардиналот, го основа Светскиот ден на мирот кој во 1968 година за прв пат е славен пред опасностите од нуклеарен конфликт во периодот на Студената војна. Папата го осмислува и „Ostpolitik“ да започне дијалог со земјите на советскиот блок и за да се слушне замолчениот глас на Црквата на Истокот. Одлучно се зазема за помирување и обединување на Европа отворена за Теретиот свет. Папата Павле VI во 1975 година го одобрува учеството на Светиот Престол на Хелсиншката конференција за безбедност во Европа.

Во седумдесеттите години, потсети кардиналот, своето размислување за мирот го поврза со прашањата кои се однесуваат на водата, храната и нафтените извори. Борбата против гладот во светот е на прво место. Папата исто така со мирот ја поврза темата за човековите права, заштитата на етничките и верските малцинства, спротивставувајќи се на демографските политики против раѓањето на деца. Последните години од својот понтификат, Павле VI прашањето за мирот се повеќе го поврзува со евангелизацијата. Тој тврдел дека за христијаните навестувањето на мирот е исто што и навестувањето на Исус Христос – заврши кардинал Пиетро Паролин.

РВ/к.мк

15/10/2016 09:54