Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

Изложба: Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот

Изложба „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“ - RV

09/11/2016 11:41

Во рамките на Четвртата по ред светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, во Битола на 3 ноември е отворена изложбата: „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“.

Фотографиите го прикажуваат детството и младоста на Мајка Тереза, нејзиниот роден град, нејзиното семејство и блиски пријатели. Времето кое го поминува во сестринството Лорето во истоименото училиште во Индија. Формирањето на Мисионерки на милосрдието и нивната работа, беатификацијата, пропратни текстови со објаснување на фотографиите, како и панели со поважни датуми од нејзиниот живот.

Изложбата ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, а воведно обраќање имаше и директорката на НУ Спомен куќа на „Мајка Тереза“ Рената Кутера Здравковска.

Оваа изложба претходно беше поставена на 4 септември во Рим, по повод канонизацијата на Мајка Тереза.

09/11/2016 11:41