2016-11-09 11:13:00

Светиот Престол: Запрете ја нелогичност на војната


Надбискупот Бернардито Ауза постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации минатиот петок на Генералното собрани на ОН – на кое се расправаше за Агенцијата за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) – порача дека „миротворството и смислен дијалог вклучувајќи и вистински билатерални преговори морат да ги заменат контрапродуктивното нелогично насилство и војната на Блискиот Исток.“

„Светиот Престол забележува дека подрачјата за која е одговорна оваа агенција на ООН вклучува и територии на древни христијански центри. На тие подрачја христијаните низ два милениуми – заедно со другите етнички и верски групи – биле дел од културата и историјата на народот во регионот,“ рече надбискупот Ауза. Тој рече дека бројот на христијаните драстино е намален, а сега и тие се бегалците за кој се грижи UNRWA. „Присилени на насилни прогони – на некои места со отворени масакри – и сурови геополитички околоности во регионот ги напуштиле своите домови“ и се во преселиле во други делови во своите земји или во потрга за мир и сигурност го напуштиле регионот – истакна надбискупот Ауза.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.