Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

Струмица: Парохиската сала посветена на Света Мајка Тереза

Во недела, 13 ноември 2016 година Н.В.П. монс. д- р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија служеше света Архиерејска Литургија во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица. Во таа прилика владиката Стојанов ги благослови полиелеите во црквата и парохиската сала, која ја посвети на Света Мајка Тереза. Со бискупот Стојанов сослужуваа парохот о. Гоце Костов, парохискиот викар о. Атанас Сирачев, о. Ристо Самарџиски и о. Илија Стојанов.

Литургијата започна со свечен влез со моштите на Света Мајка Тереза, кои беа поставени пред иконостасот.

Во својата проповед епископот Стојанов се осврна на Евангелието кое зборува за сејачот и семето при што истакна: „Денес сејачот се родителите, духовниците, свештениците и така натаму може да набројуваме кој се би можел да биде сејачот и тогаш би се запрашале какви се нашите плодови. Зошто понекогаш ги обвинуваме младите, а не се запрашаме што посеавме за да тие млади и деца растат на плодна почва.“

По завршувањето на Литургијата верниците имаа можност да ги целиваат моштите, кои потоа до 18.00 часот беа изложени за верниците да ги упатат своите молитви за посредништво на света Мајка Тереза.

к.мк 

16/11/2016 10:14