2016-11-18 10:50:00

Меѓународната заедница да ги гарантира правата на децата


На крајот од Генералната аудиенција во среда 16 ноември 2016 година, папата Фрањо потсети дека следната недела, 20 ноември се слави Меѓународниот ден на детето. Апелирам до совеста на сите, иснтситуции и семејства, на децата постојано да се дава заштита и да се грижат за нивното добро, за да не паднат никогаш во ропство, вклучување во вооружени групи и злоупотреба. Желба ми е меѓународната заедница да бдее над нивните животи, гарантирајќи на секое момче и девојче право на училиште и образование, како нивниот развој би бил мирен и иднината да ја гледаат со надеж.

Извештај на УНИЦЕФ за 2016 година

Токму извештајот на УНИЦЕФ за 2016 година, за состојбата на децата во светот, покажува дека последните години е направен голем напредок во спасување на детските животи, враќајки ги на училиште и помагајќи им на оние во потреба за да излезат од сиромаштво. Стапката на смртност на децата на возраст до 5 години, од 1990 година до денес е видливо намален, а во земјите како Етиопија, Либерија, Малави и Нигер, таа стапка е пониска за повеќе од две третини.

Општо, годишно меѓу децата до 5 години возраст, бројот на смртни случаи поради воспаление на белите дробови, дијареја, пертусис, маларија, сепса, тетанус, менингитис, сипаница и сида од 5,4 милиони во 2000 година, падна на 2,5 милиони во 2015 година. Програмите за вакцинација во периодот од 2000 – 2014 година скоро за 80 % ја намалија смртноста од сипаница, спасувајќи така околу 1,7 милииони животи. Смртноста на мајките во однос на 1990 година е многу пониска (-43 %).

Меѓутоа, доколку меѓународната заедница не се концентрира на драматичната состојба на децата, кои се во најтешки услови, до крајот на 2030 година околу 69 милиони деца на возраст од 5 години ќе умрат од причина која вообичаено се лекува.

Според зборовите на Антони Лаке, директор на УНИЦЕФ, денес се наоѓаме на крстосница: или ќе вложуваме во децата или ќе придонесеме во нашиот свет да има уште поголема нееднаквост и поделба.








All the contents on this site are copyrighted ©.