Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Документи

Резиме од Апостолското писмо „Misericordia et misera“

Ново Апостолско писмо на Папата - ANSA

22/11/2016 17:29

Ова е време на милосрдие – истакнува папата Фрањо во Апостолското писмо (Misericordia et misera) „Милосрдието и бедноста“ кое е објавено на свршеткрајот од Јубилејот на милосрдието. Во Писмото се содржани четири важни насоки: сите свештеници ќе можат да дадат разрешување на оние кои го направиле гревот на абортус; мисионерите на милосрдието ќе продолжат со својата служба; верниците кои го посетуваат братството Свети Пио X и понатаму ќе примат важечко светотаинско разрешување и како четврта насока е основан Светски ден на сиромашните.

Средба помеѓу бедата и милосрдието

Како слика за Јубилејот Папата ја избра средбата помеѓу Исус и жената фатена во прељуба: Таа не е апстрактна средба на гревот и судот, туку на грешницата и Спасителот, а свети Августин вели „ бедничка и милосрдието.“

Во центарот на Мојсевиот закон Исус ја става љубовта

Фарисеите и книжниците го потсетуваат Исуса дека Мојсевиот закон заповеда каменување на жена фатена во прељуба. Исус сепак – вели Папата – на Мојсевиот закон му ја враќа изворната смисла. Во центарот не е законот и законската правда, туку Божјата љубв која ги познава тајните на човечкото срце и има примат над сѐ. Исус ја гледал во очи жената фатена во прељуба, а во нејзиното срце согледал нејзината желба да биде сфатена, да ѝ се прости, да ја ослободи. Љубовта е посилна од гревот и овозможува поинаков живот – стои во писмото.

Пропедевтичка вредност на законот

Бог не може ништо да го спречи за да го прегрне синот кој му се враќа. Да се признава единствено законот значи да се потценува верата и божественото милосрдие. Законот има пропедевтичка вредност, а целта му е љубовта (Гал 3, 24; 1Тим 1,5). Христијанинот е повикан да ја живее новоста на Евангелието, „законот на Духот кој дава живот во Христос Исус“ (Рим 8, 2). Секогаш треба да се верува во силата на божествената милост – рече Папата.

Никој не може да го условува Божјото милосрдие

Никој не може да го условува Божјото милосрдие пишува Светиот Отец затоа што е бесплатно, безусловно и незаслужно. Милосрдието е вистинска љубов која со простувањето го преобразува и менува животот. Во културата во која владее технологијата потребни се сведоци на надеж и вистинска радост за да ги разбијат измамите кои ги ветуваат вештачките рајови – вели Светиот Отец.

Милосрдието излиено на целиот свет

Прославивме Година на милосрдие во текот на која ни е дарувано изобилно милосрдие. Сега треба да го продолжиме тоа одење, послушни на Духот кој отвора нови патишта за да им го носи на сите спасоносното Евангелие. Папата потсетува на централното место на милосрдието во Евхаристиското славење и во Божјото Слово и повикува една недела во литургиската година да се посвети на продлабочување на Светото Писмо.

Исповедниците: гостољубиви, јасни, великодушни во простувањето

Папата вели дека светата Тајна Помирување треба да зазема централно место во христијанскиот живот затоа што преку таа светата Тајна повторно стануваме деца Божји. Светиот Отец затоа ги поттикнува свештениците со сите да бидат гостољубиви, сведоци на татковската нежност и покрај тежината на гревовите, јасни во излагањето на моралните начела, великодушни во делењето на Божјата прошка. Секој исповедник треба да биде свесен дека грешникот истовремено е и служител на милосрдието.

Семејства во тешкотии

Папата се обраќа до семејствата во тешкотии повикувајќи ги „сите човечки тешкотии да ги гледаат со љубовта кон Бог Кој не се изморува да прифаќа и да ги следи.“ Од свештениците бара „внимателно духовно расудување, длабоко и далекусежно, секој да може да почувствува дека Бог го љуби и дека може активно да учествува во животот на заедницата и да биде дел од Божјиот народ.

Светски ден на сиромашните

Завршува Јубилејот, но вратата на милосрдието на нашето срце останува секогаш отворена. Научивме дека Бог се наведнува над нас (Осија 11, 4), ние треба да го имитираме наведнувајќи се над нашите браќа, посебно над сиромашните и оние кои трпат. Не можеме да ги заборавиме сиромашните – вели Папата и затоа одредува дека во целата Црква на 33 недела во годината ќе се одбележува Светски ден на сиромашните. Ова е момент да се даде завав на фантазијата за милосрдието кое со секојдневни мали гестови, конкретни знаци на добрина и нежност кон најслабите, незаштитените и напуштените може да се покрене вистинска културна револуција во целиот свет – стои во заклучокот на Апостолското писмо.

РВ/к.мк

22/11/2016 17:29