Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Документи

Најавени темите за следните три Светски денови на млади

Папата на средба со младите на Светскиот ден на млади во Краков - EPA

23/11/2016 09:58

Дикастеријата за лаици, семејство и живот во соопштението за медиумите кое го објави на 22 ноември 2016 година ги најави темите за следните три Светски денови на млади.

Во соопштението стои дека папата Фрањо избра теми за „тригодишно патување“ кои својот врв ќе го имаат на Светскиот ден на млади во Панама во 2019 година. Светскиот ден на млади се слави на ниво на бискупии секоја година на Цветници, додека меѓународните средби се одржуваат на секоја две до три години. Последната Светска средба на млади се славеше во јули оваа година во полскиот град Краков.

Во центарот на вниманието на претстојните средби на млади ќе биде Блажена Дева Марија,ва темите се земени од Евангелието според Лука: Триесет и вториот Светски ден на млади 2017 година ќе се одржи на тема „Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име“ (Лк 1,49): во 2018 година темата е: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога;“ а на Светскиот ден на млади 2019 година во Панама темата е: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ (Лк 1, 38)

Во соопштението исто така се потсетува на зборовите на Папата кои ги кажа на овогодишниот Светски ден на млади во Краков. Тогаш ги повика младите да имаат „сеќавање на минатото, храброст за сегашноста и да имаат надеж и да бидат надеж за иднината.“ Освен што овие теми ќе дадат јасен богородичен призвук на претстојниот тригодишен духовен пат во исто време даваат „слика на младите на патот од минатото (2017), преку сегашноста (2018), до иднината (2019),“ а таа слика е вдахната од трите теолошки доблести верата, љубовта и надежта. На крајот стои дека предложениот пат е во согласност со темата на сведната бискупска синода која гласи: Младите, верата и расудувањето на звања.

РВ/к.мк

23/11/2016 09:58