Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Документи

Папата упати порака до патријархот Вартоломеј I

Папата со патријархот Вартоломеј I - AP

01/12/2016 16:30

На крајот од Генералната аудиенција, во среда 30 ноември, папата Фрањо ја поздрави цариградската Црква и „саканиот патријарх Вартоломеј“ по повод празникот свети Андреј Апостол, кој традиционално се смета за основател на црквата во Византија, односно на Цариградската патријаршија. Светиот Отец ја изрази својата желба за единство со цариградската Црква и му посака сѐ најдобро на цариградскиот екуменски патријарх. 

Всушност по повод празникот свети Андреј во Истанбул отпатува делегација на Светиот Престол на чело со кардиналот Курт Кох, претседател на Папскиот совет за промовирање на единство на христијаните. Обичај е цариградска делегација да возврати со посета на Рим по повод празникот на светите апостоли Петар и Павле.

Делегацијата учествуваше на свечената божествена Литургија, која во црквата Свети Гргур во Фанар ја предводеше цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеj I. Исто така се сретнаа со патријархот како и со синодалниот совет за односи со Католичката Црква. После божествената Литургија, кардиналот Кох ја прочита пораката на Папата до екуменскиот патријарх.

Светиот Отец истакна во пораката како взаемните посети на делегациите се видлив знак на длабоки врски кои веќе ги соединуваат, а покрај тоа се израз на копнежот за уште подлабоко заедништво. Папата истакна дека на патот кон заедништвото не ги поддржува само застапништвото на нивните светци заштитници, туку и низата маченици од секој период.

Папата Фрањо забележа силна преданост на воспоставување на христијанско единство, која во мај оваа година е изразена на соборот одржан на Крит. Свесен дека односите меѓу црквите во одредени времиња биле обележени со судири и само молитва, заедничка истрајност околу добрите дела и дијалогот можат да помогнат да се надминат поделбите за приближување едни кон други.

Папата исто така ја спомна важноста на теолошкиот дијалог и тоа особено заедничкото размислување за односот помеѓу синодалноста и приматот во првото илјадолетие. Оваа размислување – продолжи – може да ни понуди сигурен темел за разликување на начините како да се спроведува приматот во Црквата кога сите христијани на Истокот и Западот најпосле ќе бидат помирени и соединети.  

Папата Фрањо на крајот се присети на својата средба со патријархот Вартоломеј, со другите христијански лидери како и претставниците на различните светски религии во Асизи. Собирот во Асизи – рече Папата – беше радосна можност да го продлабочиме нашето пријателство, кое својот израз го наоѓа во заедничката визија кога станува збор за оние големи прашања, кои се однесуваат на животот на Црквата како и целото општество. Светиот Отец ја заврши својата порака гарантирајќи му на патријархот дека ќе се моли за него, посакувајќи му сѐ најдобро како и на оние кои се доверени на неговата духовна грижа. 

РВ/к.мк

01/12/2016 16:30