2016-12-02 10:16:00

Во Конго убиена чесна сестра


Во Мухунгa, во Букаву во Демократската Република Конго во вторникот на 29 ноември 2016 година е убиена с. М. Клара Агано Кахамбу член на Дружбата школски сестри фрањевки на Христос Цар, провинција Пресвето Срце Исусово со седиште во Сплит, извести националната управа за Папски мисиски дела во Хрватска, а пренесе ИКА. По утринската молитва чесната сестра заминала на работа. Додека работела во својата канцеларија во училиштето во Мухунга во Букаву, каде била директорка, е нападната и убиена со убоди.

Сестра М. Клара Агано Кахамбу родена е на 3 јули 1976 година во парохијата Луоф во бискупија Бутембо-Бени во Демократска Република Конго како петто дете во семејството со десет деца. Во Дружбата школски сестри фрањевки на Христос Цар, провинција Пресвето Срце Исусово со седиште во Сплит е примена во мисија во ДР Конко во Нгуби во Бакаву, а доживотните завети ги положила на 2 август 2010 година. Како монахиња на филозофскиот институт Рузизи во Бакаву (2004-2007) завршила студии за пасторал со семејство.

Школски сестри фрањевки на Христос Цар, провинција Пресвето Срце Исусово со седиште во Сплит во ДР Конго се присутни од 1974 година. Сестрите се грижат за воспитувањена најсиромашните и се грижат за општествено најзагрозените, работат во средни училишта, градинаки, болници, Каритас каде им се доверени социјалните работи, а развија проект за неисхранети деца.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.