2016-12-06 11:00:00

Папата прими делегација на верници католици од Грузија


Папата Фрањо на 1 декември 2016 година ја прими делегацијата на верници католици од Грузија дојдени во Рим за да му се заблагодарат на Светиот Отец за неодамнешната апостолска посета на нивната земја. Папата по тој повод се присети на бројните настани кои ги доживеа за време на тоа патување.

Никогаш не помислував дека во Грузија ќе го најдам она што го видов: култура, духовност, народ кој го слави Исуса Христа како свој Спасител, затоа што тоа е христијански народ. За мене тоа беше една голема радост – рече папата Фрањо. Тој ја истакна средбата со Илија II Католикос и Патријарх на цела Грузија кој остави впечаток како Божји човек. Свесен дека постојат многу проблеми со кои се соочува една таква мала католичка заедница, но смета дека сѐ ќе биде добро. Папата предложи пронаоѓање начин за полесно да се оди заедно, а тоа сепак да не ее принудување.

Светиот Отец на крајот од средбата се присети на различни верници од Грузија. Тој истакна дека му било мило да ја види одговорноста кои ја имаат лаиците во нивната Црква, што е голема работа. Исто така се заблагодари на свештениците, монасите и монахињите за нивната работа. Одете напред – рече папата Фрањо – Тоа дело како квасецот доведува да порасне масата. Ви благодарам! И не заборавајте да се молете за мене.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.