Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Ватикан: Европските градоначалници за бегалците

Прифаќање и помош на бегалците пристигнати на Сицилија - ANSA

10/12/2016 10:46

„Европа – бегалците се наши браќа и сестри“ е темата на состанокот на европските градоначалници, кој се одржува на 9 и 10 декември во Ватикан во организација на Папската академија за науки.

Средбата на која учествуваат 80 градоначалници главно од Стариот континент, но и други сака да го привлече вниманието на меѓународното јавно мислење на сѐ поголемиот број на бегалци на нашата планета за што причини се војните, сиромаштвото и елементарните непогоди. Во програмата е предвидено дека во сабота попладне папата Фрањо ќе ги прими во аудиенција учесниците на средбата.

Подигнувањето на нови ѕидови и огради нема да ги запре милионите бегалци кои бегаат од насилството, екстремното сиромаштво, болести, суши и поплави; само меѓународната соработка со цел постигнување на општествена праведност може да биде решение за таа криза. Со тие мисли – како што истакна во соопштението организаторот – појдуваат работите на спомнатата средба. Имено сака да се предупреди за заканата на стабилноста во светот кој се наоѓа во сѐ поголем број бегалци, кои како што се проценува се повеќе од 125 милиони. Три четвртини од нив се луѓе на кои итно им е потребна хуманитарна помош; луѓе кои се принудени да ја напуштат својата земја заради војните.

Причините за таквата состојба се во човештвото кое тежнее кон егоизам и личните интереси – стои во соопштението на Папската акдемија за науки, во кое потоа се истакнува дека решението за таа хуманитарна криза е прекинот на вооружените конфликти, поддршка на праведноста потпирајќи се на меѓународното право за да се придонесе за ублажување на тензиите и подигнувањето на свеста за должностите кон човечкиот род.

Состојбата на преостанатата четвртина луѓе на кои им е потребна хуманитарна помош своите причини ги има во елементарните непогоди кои последните години се почести и поопасни, а произлегуваат – како што е истакнато во соопштението – од еколошките кризи како што е бедата, поплавите и големите метеоролошки аномалии. Многу од нив ги предизвикал човекот како што покажуваат сега веќе јасните последици од несовесното користење на фосилните горива односно јагленот, нафтата и природниот гас како и агресивното обработување на земјата и уништувањето на шумите. Општо земено – се вели во соопштението – еколошките катастрофи најсилно ги погодуваат оние кои поседуваат помалку; имено сиромашните се послабо опремени со средства за соочување со неповолните прилики.

Затоа најголема е моралната должност во заштитата и пружењето помош на тие жртви е на оние кои први ги предизвикале таквите еколошки катастрофи – е истакнато во документот на Папската академија за науки. Но и по хуманитарниот триумф на постигнатата спогодба во Париз на конференцијата Cop 21 за климатските промени на средбата во Ватикан ќе се бараат нови патишта за градење на мирот и обединувањето на луѓето за да се истакне човечкото достоинство на сите бегалци како и нивниот идентитет. Прекинот на војните или пак придонесот за отстранувањето на последиците од климатските промени и искористувањето не се приоритети кои можат да се стават само во рацете на нашите политички лидери или меѓународните организации, туку секој од нас треба да даде сопствен придонес – стои во соопштението.

РВ/к.мк

10/12/2016 10:46