2016-12-20 09:56:00

Папата упати телеграма со сочувство до Владимир Путин


На 19 декември 2016 година во главниот град на Турција е извршен атентат на рускиот амбасадор Андреј Карлов. Во таа прилика папата Фрањо упати телеграма со сочувство до претседателот на Русија Владимир Путин, која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин.

Светиот Отец изразува сочувството до сите кои тагуваат, а на посебен начин до членовите на семејството на амбасадорот. Препорачувајќи ја душата на убиениот амабасадор Карлов на Семоќниот Бог, Папата ја гарантира на рускиот претседател како и на сите жители на Русија духовната солидарност во оваа време и порача дека се моли за нив.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.