Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

Бискупот Стојанов меѓу корисниците на народната кујна

Бискупот Стојанов меѓу корисниците на народната кујна - RV

21/12/2016 09:52

На 20 декември 2016 година, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов, ја посети народната кујна на сестрите Мисинерки на љубовта – сестри на света Мајка Тереза во Скопје при што се сретна и со корисниците на кујната.

Бискупот Стојанов, обраќајќи се до присутните, најпрво ги поздрави и го изрази своето задоволство што се наоѓа меѓу нив. Бискупот Стојанов зборуваше за надежта како и за тоа дека секој од нас може да даде нешто на другиот: насмевка, утеха или убав збор. На крајот од средбата бискупот се заблагодари на сестрите Мисионерки на љубовта за нивното несебично дарување, следејќи го примерот на нивната основателка, света Мајка Тереза.

Католичката Црква во Република Македонија преку своите добротворни институции континуирано помага на сиромашни семејства и лица без разлика на верската и национална припадност, а кујната на сестрите Мисионерки на љубовта помага на 60-тина корисници.

к.мк

21/12/2016 09:52