2016-12-21 09:21:00

Папата Фрањо го посети Папскиот совет за нова евангелизација


На 20 декември 2016 година папата Фрањо ненадејно го посети Папскиот совет за нова евангелизација за да им се заблагодари за нивниот труд за време на Вонредниот јубилеј на милосрдието.

Светиот Отец го пречека надбискупот Рино Физикела претседател на Советот, а Папата потоа со присутните разговараше петнаесетина минути. Надбискупот Физикела после разговорот за Осерваторе Романо рече: „Покажувајќи големо чувство на хуманост и пријателство кон нас, Папата сакаше лично да ни го честита Божиќ и повторно да ја изрази својата благодарност за сите наши напори во Светата Година.“ Надбискупот додаде дека сите присутни биле воодушевени од добрината на Папата. Тој истакна дека е среќан за искуството од Јубилејот и ја повтори посебната важност на мисионерите на милосрдието – рече на крајот надбискупот Рино Физикела.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.