Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Во Европа расте нетолеранцијата кон христијаните

Европското знаме - REUTERS

24/12/2016 10:08

За сузбивање на нетолерантоста и против христијанската дискриминација во Европа говореше монсињор Јануш Урбанчук, постојан набљудувач на Светиот Престол при Организацијата за Европска безбедност и соработка, зборувајќи на Конференцијата за борба против нетолерантноста и дискриминацијата.

Воспитание за култура на средба, промовирање на атмосфера на поголема доверба кон религиите, признавање дека тие „со своите вредности и традиции“ можат „значително“ да придонесат за развојот на опшеството, тоа се клучевите за сузбивање на нетолерантоста и против христијанската дискриминација во Европа, исто така и гаранција за безбедност на континентот – рече на своите настапи монсињор Јануш Урбанчук, постојан набљудувач на Светиот Престол при Организацијата за Европска безбедност и соработка, зборувајќи на Конференцијата за борба против нетолерантноста и дискриминацијата, која на 14 декември 2016 година се одржа во Виена.

Во првиот говор монс. Урбанчук потсети дека во Европа се случуваат сурови прогони на христијаните како и во другите делови од светот, но како што рече сѐ повеќе загрижува нетолеранцијата, злосторствата од омраза и вандализмот против христијаните, како и навредите и исмејувања на нивните уверувања. Ништо помалку не загрижува и агресивноста на некои клеветнички кампањи против христијаните, кои се обвинуваат поради биготизам и нетолерантност затоа што христијанските мислења не се во согласност со модерните идеологии. Против овие појави Светиот Престол бара соодветни правни мерки и службени изјави слични на онаа која Организацијата за Европска безбедност и соработка во Базел ја усвои во 2014. година, да се зголемат напорите во борба против антисемитизмот.

Да се сузбие дискриминацијата и нетолерантноста во прв ред треба да се влијае на воспитувањето. Светиот Престол е уверен дека воспитувањето е важно средство за градење на мостови за мир и стабилност и за оспособување на младите да бидат градетели на мирот и промотори за вистинската толерантност и недескриминација. Поради тоа, основно е да се промовира поттикнувачкиот дијалог во јавната расправа. Меѓурелигискиот дијалог исто така може да биде корисно оружје за искоренување на нетолерантноста и дискриминацијата – истакнува Јануш Урбанчук.

Ватиканскиот претставник во последниот говор повторно ја истакна важноста на дијалогот, разбирањето и взаемната доверба, како и важноста европските држави јавно да ја признаат улогата на религијата во развојот на општеството. Завршувајќи го говорот, постојаниот набљудувач на Светиот Престол ги повика владите, верниците од разни религии и сите социјални работници да се соединат во промовирање на толерантност и културата на средби, за кои папата Фрањо честопати зборува.

РВ/к.мк

24/12/2016 10:08