2016-12-28 11:58:00

Исусе се родил отфрлен од некои, а многу биле рамнодушни


Во текот на светата Литургија во божиќната ноќ, Папата поттикна на размислување за драмата на голем број деца кои лежат во „јаслите на достоинството“ или ја живеат драмата на војната и експлоатацијата - рече Светиот Отец.

Ова е „ноќ на славење, светлина и радост“ – со тие зборови воза време на светата Литургија во базиликата Свети Петар Светиот Отец ја наслика светата ноќ на Господовото раѓање.

Оваа е ноќ на слава која ангелите ја навестиле на Витлеем, а ние денес на целиот свет – рече Папата. Ова е ноќ на радост затоа што Бог, Вечниот Бескраен од денес и засекогаш е Бог со нас: не е далеку. Не мора да го бараме во небесните орбити или во некои мистични идеи; близок е, стана човек и никогаш нема да се раздели од нашето човештво кое го посвоил. Ова е ноќ на светлина која ја навести пророкот Исаија (9, 1) за да го просветли оној кој оди во темнина, се покажа и ги осветли витлеемските пастири (2,9) – рече папата Фрањо.

Пристигнувајќи во Витлеем пастирите го нашле „знакот за секогаш“ кој ангелот им го покажал: „нежната едноставност на малото новороденче, благоста на неговото положено битие, нежната љубов на пелените со кои го обвиткале. Овде е Бог.“ Евангелието за раѓањето парадоксално говори за „великаните во тоа време“, но Бог не се покажува „во богатиот салон на царската палата“, туку во сиромаштвото на една штала. Ако сакаш да го сретнеш треба да одиш таму и „да се наведнеш, да се намалиш, да станеш мал“ – рече Папата.

Младенецот Исус нѐ повикува да ја отстраниме илузијата за минливото и да се свртиме кон најважното, да се откажеме од своите ненаситните барања, да го оставиме вечното незадоволство и жалост заради нешто што секогаш ќе ни недостасува – истакна Светиот Отец, а потоа продолжи да зборува за децата кои денес „не се положени во колевки и кои не ги грее мајчината и љубовта на таткото, туку лежат во бедните „јасли на достоинството“: во подземно засолниште за да ги избегнат бомбардирањата, на тротоарите на големите градови, на дното на дотраените бродови кои се претрупани со бегалци – потсети папата Фрањо.

Папата ги повика сите да се препуштат да ги преиспитуваат децата на кои не им е дозволено да се родат, децата кои плачат затоа што се гладни, децата кои во рацете држат оружје, а не играчки. Божиќ со себе го донесува „таинството на надежта и тагата“, тагата се раѓа таму каде не е прифатена љубовта, каде животот е отфрлен, како што се случува со Јосиф и Марија кога биле одбиени за сместување – рече Папата додавајќи:

Исусе се родил отфрлен од некои, а многу биле рамнодушни – рече Папата. И денес може да се оствари истата рамнодушност, кога Божиќ е славење на кои ние сме протагонисти наместо Него; кога комерцијалниот сјај ја затемнува Божјата светлина, кога се мачиме купувајќи подароци, а не сме чувствителни за оние кои се на рабовите – рече папата Фрањо.

Божиќната надеж се покажува во „Божјата светлина“ која „осветлува, а не заплашува“, со Бог кој „меѓу нас сиромашен и кревок“ се раѓа во Витлеем, а Витлеем значи „дом на лебот“, дом на оној кој станува „леб за нас“ кој доаѓа „во нашиот свет за да ни ја донесе својата љубов“ – рече Папата.

Исус не доаѓа на светот за да „јаде“ и „заповеда“ туку да „храни и служи“. Една директна алка ги поврзува јаслите и крстот каде Исус ќе биде прекршениот леб: таа директна алка е љубовта која се дарува, која нѐ спасува, која ни дава светлина на нашиот живот и мир на нашите срца – рече Светиот Отец.

Во Божјите очи никој не е исклучен, а тоа се покажува со фактот дека токму „тогашните исклучени“ односно пастирите биле привилегирани гости на првиот Божиќ. И ние да се препуштиме Исус да нѐ преиспитува и оваа ноќ да нѐ повика со доверба да одиме кај Него започнувајќи од она во што се чувствуваме исклучени, од нашите ограничувања – рече Папата поттикнувајќи да Му го носиме на Исус она што сме, своите исклучувања, своите незалечени рани, да размислуваме за „убавината дека Бог нѐ љуби“ и да Му кажеме: „Ти благодарам затоа што ова си го направил заради мене“ – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.