Cоцијални мрежи:

RSS:

App:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Писмо до Папата од католичка парохија од Алепо

Децата од парохијата Свети Фрањо од Алепо - RV

31/12/2016 09:38

Парохијата Свети Фрањо од сирискиот град Алепо испрати писмо до папата Фрањо во пресрет на Светскиот ден на мирот барајќи од Светиот Отец апостолски благослов за многу деца кои знаат само за војна.

Писмото е испратено на 28 декември 2016 година, а го потпишал парохот о. Ибрахим Алсабагх. Во писмото се опишува страдањето на децата и напорите околу мирот. Потсетуваме дека овој месец сириските владини сили по три неделната офанзива повторно го освоија Алепо, кој беше под контрола на бунтовниците.

Отец Алсабагх пишува дека децата се тие кои најмногу трпат заради моменталната граѓанска војна. „Некои од нив не познаваат никаков поинаков живот освен војната. Други се родиле во бомбардирања. Децата трпат заради големиот психолошки притисок, неухранетост, недостаток на вода и струја, несоодветна здравствена нега, покрај тоа се гладни и им студи. Ретко – стои понатаму во писмото – се појавува насмевка на нивните лица. Страдањето се гледа во нивните исплашени очи. Веќе со години живеат во неволја. Децата се будат со звукот на експлозијата, бомбите и ракетата за кои никогаш не се знае каде ќе паднат. И секогаш тоа е на штета на цивилите.“

Потоа отец Алсабагх му се заблагодарува на папата Фрањо што во своето писмо за Светскиот ден на мирот кој се слави на 1 јануари секоја година испраќа порака на мир и ненасилство. Парохот на „Свети Фрањо“ во Алепо пишува дека во текот на таа војна настојувале да пронајдат начини за да бидат гласници на простувањето. „Исус нѐ учи на овој став со својот пример: им прости на своите убијци“ – истакнува парохот од Алепо

Во парохијата свети Фрањо во Алепо секоја прва недела во месецот се служи света Литургија за мир и свршеток на војната. Отец Алсабагх пишува дека овие свети Литургии се можност да се молат за оние кои ги напаѓаат и убиваат. Писмото до Светиот Отец завршува со следните зборови: „Кога ќе се исцрпат сите можни средства, уврени во Божјата љубов и моќ користиме едно делотворно оружје кое го имаме: љубовта, вистината и молитвата.

РВ/к.мк

31/12/2016 09:38