2017-01-03 09:54:00

Папата ќе крсти деца од регионот погоден од земјотрес


Папата Фрањо на 14 јануари 2017 година ќе крсти деца од подрачја во околината на италијанските градови Аматриче и Акумоли, кои оваа година беа погодени од силен земјотрес – изјави епископот на Риети монс. Доменико Помпили.

Светиот Отец би требало да крсти осум деца во Папската резиденција на домот Света Марта, а станува збор за деца кои се родени после тешкиот земјотрес на 24 август 2016 година.

Во земјотресот загинаа околу 300 луѓе, а историските села во погодените подрачја скоро се целосно уништени. Додаваме дека Папата како и обично на празникот на Господовото Крштение во Сикстинската капела ги крштева новороденчињата на вработени во Ватикан.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.