Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Говори - Хомилии

Папата го прими дипломатскиот кор во Светиот Престол

Папата Фрањо со дипломатскиот кор - ANSA

10/01/2017 10:23

Светиот Отец на 9 јануари 2017 година во аудиенција го прими дипломатскиот кор на традиционална размена на новогодишни честитки.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол соопшти дека 182 држави одржуваат дипломатски односи со Светиот Престол.

(...)Светиот Отец на 9 јануари 2017 година во аудиенција го прими дипломатскиот кор на традиционална размена на новогодишни честитки. Во говорот до амбасадорите Папата го истакна заземањето на религијата за мирот, поттикна промовирање на разоружувањето, а потоа се осврна на миграцијата, примирјето во Сирија и сочувување на создаденото. Мирот е дар, предизвик и обврска – истакна Светиот Отец говорејќи за безбедноста и мирот.

Папата одлучно го осуди секој облик на насилство, посебно „фундаменталистичката матрица на тероризмот.“ Ова е убиствена лудост која го злоупотребува Божјото име и сее смрт во обидот да се одржи моќта и власта. Фундаменталистичкиот тероризам е плод на тешка духовна беда, со која често е поврзано значителното општествено сиромаштво. Тероризмот може да се победи со вистински придонес на верските и политичките водачи – рече папата Фрањо, додавајќи дека секогаш треба да се почитува верската слобода.

Говорејќи за проблемот со бегалците, Папата ја осуди рамнодушноста, а ги поттикна сите држави на солидарност. Сите треба да се чувствуваат градители и да придонесат за општото меѓународно добро исто така и со конкретни човечки гестови кои се важни фактори за мирот и развојот за кои сѐ уште се жедни голем број држави и милиони луѓе. Папата се заблагодари на државите кои великодушно излегуваат во пресрет на оние во потреба при тоа потсети на своето патувања на грчкиот остров Лезбос.

Осврнувајќи се на конфликтот во Сирија посака примирјето да биде знак на надеж. Посебно ги спомна децата кои се жртви на егоизмот и насилството на возрасните луѓе. Папата истакна дека на децата и младите „им е одземена радоста на детството и младоста.“ Тој упати апел засекогаш да се стави крај на конфликтот кој „предизвика вистинска хуманитарна катастрофа.“ Светиот Отец ја повика меѓународната заедница да ја „искорени срамната трговија со оружје како и трката во производство на сите моќни оружја.“ Тој ги поттикна Израелците и Палестинците одлучно да пристапат кон градење на мирот, а Европа ја повика да ги открие своите вредности за да може да се спротивстави на осипувањето. На крајот на Италијанците им посака да бидат единствени во духот на солидарноста.

РВ/к.мк

10/01/2017 10:23