Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Одделот за мигранти и бегалци организира медиумска кампања

Сириски бегалци во Грција - AFP

12/01/2017 10:06

Одделот за мигранти и бегалци при новата Дикастерија за промовирање на целосен развој на човекот го најави започнувањето на својата прва медиумска кампања.

Иако со дикастеријата управува кардинал Петер Турксон – кој претходно ја извршуваше службата претседател на Папскиот совет за правда и мир – Одделот за мигранти и бегалци се наоѓа под директна управа на папата Фрањо. Со тоа Светиот Отец сака да ја покаже својата посебна грижа за мигрантите и бегалците во време на тековната бегалска криза.

Новата медиумска кампања е покрената со цел да се поклопи со 103. Светски ден на мигрантите и бегалците кој ќе се одбележи на 15 јануари 2017 година. Од 12 до 15 јануари пораките на Папата упатени на твитер ќе бидат фокусирани на прашањето за мигрантите и бегалците и ќе имаат директен линк со Фејсбук страницата на Одделот за мигранти и бегалци. На таа страна посетителите ќе можат да прочитаат кратка приказна и размислување кое е релевантно за дневната тема.

РВ/к.мк

12/01/2017 10:06