Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Документи

Папата изрази сочувство за авионската несреќа во Киргистан

Авионската несреќа во Киргистан - AP

17/01/2017 09:59

Папата Фрањо изрази голема жалост заради трагичната авионска несреќа која на 16 јануари 2017 година утрото се случи во Киргистан, кога товарен авион се урна во едно село во близина на аеродромот во Бишкек.

Последните информации говорат за најмалку 32 загинати меѓу кои 13 деца. Во телеграмата која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, Папата изразува сочувство на сите кои ги загубиле своите најмили посебно во селото Манас и душите на загинатите ги довери на Божјото милосрдие. Папата Фрањо се моли за давателите на помош, повикувајќи Божји благослов за сила и утеха за целата нација – стои на крајот од телеграмата.

РВ/к.мк

17/01/2017 09:59