Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Генерална аудиенција

Папата: Единството на христијаните – надеж за Европа

Папата Фрањо и шведскиот крал Карл XVI Густав и кралицата Силвија; Лунд Шведска, 31 октомври 2016 година - ANSA

21/01/2017 16:44

Мотото на овогодинешната молитвена недела, кое гласи „Помирување – Љубовта Христова нѐ гони“ (2 Кор 5, 14-20), за нас е предизвик – рече папата Фрањо. Да Го молиме Господ сите христијански заедници подобро познавајќи ја сопствената историја, теологија и право, сѐ повеќе да се отвораат за помирување. Нека нѐ обземе Духот на добронамерноста и разбирањето, како и волјата за соработка.

Папата со емоции се присети и на екуменската молитва во Лунд, во Шведска одржана на 31 октомври минатата година по повод комеморацијата, со лутераните, за 500 годишнината од почетокот на реформацијата. Во духот на таа заедничка комеморација за реформацијата – рече Светиот Отец – повеќе да гледаме на она што нѐ соединува, отколку на она што нѐ разделува, и да го продолжиме заедничкото одење за да го разбудиме заедништвото и да му дадаме повидлив облик.

Во Европа таа заедничка вера во Христос е како зелена нишка на надежта; припаѓаме едни на други – рече Папата. Заедништвото, помирувањето и единството се можни. Како христијани одговорни сме за таа порака и треба да ја сведочиме со својот живот. Нека Бог ја благослови таа волја за единство и ги чува сите луѓе кои одат по патот на единството – истакна папата Фрањо.

Поздравувајќи ја делегацијата на Европската екуменска заедница, Папата говореше за плодовите на дијалогот низ децениите. Христовото Евангелие е во центарот на нашиот живот, и ги соединува луѓето кои говорат различни јазици, кои живеат во различни земји, и кои ја живеат верата во различни заедници – рече и додаде – Екуменското движење дава плодови, со милоста Божја. Нека небесниот Отец и понатаму ги благословува трагите на сите свои деца.

Потоа ги поздрави младите, болните и ново венчаните парови. Младите ги поттикна да се молат за сите христијани повторно да бидат само едно семејство; болните да го принесуваат своето страдање за единство на Црквата; а ново венчаните парови да ја искусат бесплатната љубов како што е Божјата кон целиот човечки род.

РВ/к.мк

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

21/01/2017 16:44