2017-01-24 09:48:00

Папата испрати порака до Доналд Трамп


На 20 јануари 2017 година папата Фрањо испрати порака до Доналд Трамп по повод инаугурацијата за 45. претседател на САД, во која му честиташе и му загарантира дека ќе го моли Бог за него, за да му даде мудрост и сила во извршувањето на неговите претседателски должности.

„Во време кога нашето човечко семејство е погодено од тешка хуманитарна криза која бара далекусежни и заеднички политички одговори, се молам дека Вашите одлуки ќе бидат водени од богатите духовни и етички вредности кои го обликуваа американскиот народ и посветеноста на Вашата земја во промовирањето на човечкото достоинство и слободата во целиот свет,“ напиша Светиот Отец.

Папата му посака на новиот американски претседател под негово водство Америка и понатаму пред сѐ да води грижа за сиромашните, отфрлените и оние во потреба, кои стојат пред нашите врати како Лазар,“ и својата порака ја завршува барајќи „од Господ да Ви даде Вам, на Вашето семејство и на целиот американски народ својот благослов, слога и материјална и духовна благосостојба.“

Доналд Трамп на 20 јануари 2017 година положи свечена заклетва за 45 американски претседател со раката на две Библии: на својата која му ја подарила неговата мајка, и Библијата која ја користел Абрахам Линколн за својата инаугурација во 1861 година. Во својот говор за инаугурацијата порача дека ќе ја врати власта на народот и истакна дека како дома така и во странство ќе ја спроведува политиката „Америка на прво место.“

Додаваме дека на инаугурацијата учествуваше и надбискупот на Њујорк кардинал Тимоти Долан кој ја прочита молитвата за мудрост од деветта глава од Книгата мудрост Соломонова.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.