Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Документи

Папата: Неопходна е логиката на добрите вести

Во пораката за Светскиот ден на медиумите, папата Фрањо бара да се даде простор на логиката на добрите вести - ANSA

25/01/2017 16:59

Треба да се прекине спиралата на негативни вести и да се даде простор на логиката на добрите вести – е поттикот кој папата Фрањо го упати до медиумските работници во пораката за 51. Светски ден на медиумите, фокусиран на темата „Комуницирај со надеж и доверба во нашето време.“

Документот кој е објавен на 24 јануари 2017 година, ги поттикнува медиумски работници христијани да бидат „живи канали“ на Евангелието, Радосната вест која ги осветлува и најдраматичните настани во историјата.

Треба да овозможите конструктивна комуникација, која ги отфрла предрасудите кон другиот и која ја поддржува културата на средба. Папата ги охрабри сите медиумски работници да го прекинат затворениот круг на вознемиреност кој се обликува со лошите вести и да ја изберат логиката на добрите вести. Секој ден се „мелат“ голем број информации – вели Папата во пораката. Затоа задачата на комуникаторот е на сите кои се хранат со плодовите на нивната комуникација, да им понуди миризлив и добар леб.

Не треба да се занемарува драмата на злото, но ниту од неа да се прави спектакл

Папата Фрањо силно истакнува дека е потребно да се прекине спиралата на стравот, која е плод на обичајот, вниманието да се насочи на лошите вести. Сигурно – продолжи Папата – не станува збор за тоа да се промовираат дезинформации со кои би се занемарила драмата на страдањето, но ниту пак тоа, да паднеме во наивен оптимизам кој не дозволува да го допре соблазната на злото. Напротив, Светиот Отец, бара да се настојува да се надмине чувството на нерасположеност и рамнодушност. Освен тоа – рече – во комуникацискиот систем во кој владее логиката добрата вест да не побудува толку силен впечаток како лошата, и затоа не е вест, можеме да паднеме во искушение да ја умртвиме совеста или да паднеме во очај. И тоа уште повеќе ако земеме во предвид дека од драмата на болката и таинството на злото лесно се направи спектакл.

Простор за логиката на добрата вест; треба да се користат исправни наочари за читање на реалноста

Во тој контекст Папата во пораката го предлага придонесот на барањето отворен и креативен начин на комуникација, кој нема никогаш да биде подготвена да ја даде на злото главната улога, туку ќе настојува да истакнува можни решенија, вдахнувајќи кај луѓето на кои им се пренесува веста, конструктивен и одговорен пристап. Освен тоа, Папата истакна дека реалноста не е еднонасочна. Имено, сѐ зависи од погледот со која се прима, од наочарите со кои сакаме да ја гледаме. Кои се исправните наочари за толкување на реалноста? – праша Папата и објасни – соодветните наочари за одгатнување на реалноста не можат да не појдат од Добрите вести во вистинска смисла на зборот, од Исусовото Евангелие.

Благодарение на Евангелието секој настан може да стане сценарио за добра вест

Таа Добра вест односно самиот Исус – стои потоа во пораката – не е добра затоа што во неа нема страдање, туку затоа што и страдањето се живее во поширока рамка. Во Христос Бог се направи солидарен со секоја човечка состојба. Папата Фрањо овде потсетува на зборовите на пророкот Исаија: „Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; “ (Исаија 43, 5) Ова е утешителен збор на Бог кој секогаш е вклучен во историјата на својот народ. Оттука се раѓа надежта, светлина која дава секоја нова драма во историјата да стане сценарио за можна добра вест, бидејќи љубовта секогаш успева да го пронајде патот на близината.

Нека комуникаторите бидат „живи канали“ на Добрите вести за денешните луѓе

Истакнувајќи дека довербата во семето на Царството Божјо и во логиката на Воскресението не може, а да не го обликува и нашиот начин на комуницирање, папата Фрањо рече дека таа доверба нѐ прави способни да ја воочиме добрата вест во реалноста на секоја животна приказна и во лицето на секој човек. И денес – рече Папата – Духот продолжува да сее во нас желба за Царството, и тоа преку голем број живи канали, односно преку оние луѓе кои се среде драмата на историјата, даваат да се водат од Радосната вест и кои се како светилник во темнината на овој свет. Тие светилници го осветлуваат патот и отвораат нови патеки на доверба и надеж – истакна папата Фрањо.

РВ/к.мк

25/01/2017 16:59