2017-01-25 16:56:00

Опус Деи имаат нов прелат – монс. Фернандо Окариз


Монсињор Фернандо Окариз е роден 1944 година во Париз, осмо дете во шпанското семејството кое бега во Франција за време на Шпанската граѓанска војна.

Опус Деи, лична прелатура на Католичката црква, доби нов прелат кој ќе го наследи починатиот Хавиер Ечеварија.

Како што стои на службената страна на прелатурата, како трет наследник на свети Хосемарија Ескрива е избран Фернандо Окариз Брана, а неговиот избор синоќа е потврден и од папата Фрањо.

Пред изборот Окариз служел како помошен викар на Опус Деи.

Од 1986 година соработува со Конгрегацијата за наука на верата, а свој придонес дава и во работата на другите делови на Куријата. Од 1989 година е член на Папската теолошка академија и е еден од професорите кој во 80-тите години од минатиот век го покренаа Папскиот универзитет Светиот Крст.

Автор е на неколку трудови од областа на христологијата и филозофијата, а за книгата „Amar con obras: a Dios y a los hombres and Naturaleza, gracia y Gloria,“ преdговорот му го пишува тогашниот кардинал Рацингер.

Во повеќе од 20 години колку што му помагал на покојниот прелат Ечеварија, Окариз посетил повеќе од 70 земји, а во 60-тите години на минатиот век, додека како студент по теологија престојувал во Рим, живеел со основачот на Делото, свети Хосемарија.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.