Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Документи

Солидарност на Папата со настраданите во пожарот во Чиле

Пожар во Чиле - AFP

27/01/2017 11:18

Папата Фрањо ја изрази својата „духовна близина на ранетите и сите кои трпат последици“ од катастрофалните пожари кои овие денови го зафатија централниот дел на Чиле. До сега во пожарот загинаа шест луѓе: двајца полицајци и четири пожарникари.

Во пораката до епископот Сантијаго Силва, претседател на Епископска конференција на Чиле, која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар, Папата ги гарантира своите молитви за загинатите, молејќи од Бог „сила и утеха“ за сите оние кои ги погоди оваа несреќа. Моли, Господ „во сите да вдахне чувство на солидарност во овие тешки моменти и ефикасно да соработуваме, великодушно и несебично во ублажувањето на болката и надминувањето на тешкотиите.

Станува збор за најстрашниот пожар кој во последните децении се случил во Чиле, каде моментално е топло и ветровито лето. Пожарот зафати 2.380 квадратни метри, во ретко населени подрачја, на југот од главниот град Сантијаго. Чилеанските власти прогласија вонредна состојба: повеќе од 4 илијади луѓе се евакуирани. Илјадници хектари шума изгореа, а загинаа многу животни.

Чиле упати апел до другите американски држави да понудат авиони и хеликоптери за гасење на пожарот. Од Соединетите Американски Држави пристигна авион Боинг 747 кој може да понесе вода 22 пати повеќе од обичен противпожарен авион. Владата покрена истрага затоа што има сомневање дека некои пожари намерно се предизвикани.

РВ/к.мк

27/01/2017 11:18