2017-02-03 10:39:00

Папата повика да се моли за посветените лица


На Генералната аудиенција на 1 февруари 2017 година, папата Фрањо побара луѓето да се молат за сите Богoпосветени лица, кои се повикани да ги исповедаат евангелските совети.

Тој тоа го изјави во текот на аудиенцијата, во пресрет на празникот Сретение Господово, кој исто така е Светски ден на посветениот живот.

„Ве повикувам да се молите за свештениците, сестрите и браќата кои припаѓаат на контемплативните и апостолските институти,“ рече папата Фрањо. „Нивниот живот посветен на Бог и нивната hаризма за служење, ќе вроди со изобилни плодови за доброто на верниците и за евангелизациското послание на Црквата.“

Светиот Отец побара од верниците да се молат „преку нивното сведоштво со животот, тие да ја зрачат во светот љубовта Христова и благодатта на Евангелието.“

На 2 февруари 2017 година, четврток попладне е планирано папата Фрањо да служи света Литургија за Светскиот ден на посветениот живот во базиликата Свети Петар.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.