2017-02-06 10:04:00

Објавена молитвената накана за февруари


Молитвената накана на папата Фрањо за месец февруари 2017 гласи: „ Да се молиме за оние кои се во искушение, посебно сиромашните, бегалците и отфрлените од општеството, во нашите заедници да наидат на прифаќање и охрабрување.“

Живееме во градови кои градат облакодери и трговски центри и се остварува голем промет на недвижен имот... но оставаат дел од себе на маргините, на периферијата – предупреди папата Фрањо во видео пораката во која ја објави молитвената накана за месец февруари.

Светиот Отец истакна како резултат на таа ситуација „голем дел од населението е исклучено и отфрлено – без работа, без перспектива, без излез.“ Папата затоа нѐ повикува да не ги напуштиме тие луѓе и на крајот порачува: „Да се молиме за оние кои се во искушение, посебно сиромашните, бегалците и отфрлените од општествoто, во нашите заедници да наидат на прифаќање и охрабрување.“

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.