2017-02-06 10:13:00

Пораката на Папата до нобеловците за мир


Нека напорите вложени во градењето мостови за мир и помирување во Колумбија, ги вдахнат сите заедници да ја надминат нетрпеливоста и поделбата – истакнува папата Фрањо во пораката до учесниците на Светскиот самит на добитници на Нобеловата награда за мир, кој од 2 до 5 февруари се одржува во Богота.

Нека напорите вложени во градењето мостови за мир и помирување во Колумбија, ги вдахнат сите заедници да ја надминат нетрпеливоста и поделбата – истакнува папата Фрањо во пораката која ја испрати кардинал Пиетро Паролин, а упатена до учесниците на Светскиот самит на добитници на Нобеловата награда за мир, кој од 2 до 5 февруари се одржува во Богота, на тема „Мир и Помирување.“

Промовирајте ненасилство и градење на мир

Кога жртвите на насилство се способни да се спротивстават на искушението на осветата – рече Папата – стануваат веродостојни промотори на ненасилството и градењето на мирот. Затоа Папата – како што стои во пораката – ги поттикнува сите напори упатени за унапредување на взаемното познавање и дијалогот меѓу луѓето. На крајот, со молитва за ненасилството да стане посебен стил на нашите одлуки, односи и политики во сите нејзини облици, папата Фрањо на сите учесници на собирот повика Божји благослов за мудрости сила.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.