Cоцијални мрежи:

RSS:

App:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Хуманитарна криза во Сомалија

Сомалиски рибари - REUTERS

09/02/2017 09:38

Состојбата на сомалискиот народ и понатаму е многу тешка: 363 илјади деца страдаат од неухранетост, а 71 илјада од нив страдаат од најсмртоносната врста на глад. Према последните податоци на Канцеларијата за анализа на прехранбените сигурности и храна, земјата сѐ уште не успева да се опорави од кризата од која беше погодена во 2011 година. Споменатата канцеларија предупредува на можност за повторна немаштија ако изостанат пролетните дождови.

На повеќе од 6 милиони луѓе, речиси половина население, му е потребно итна помош. Илјадници очајни семејства лутаат, барајќи храна или се на пат кон соседните држави. Овие промени ги присилуваат децата да ги напуштат училиштата, изложувајќи се на опасности да се оддвојат од своите семејства, можност за експлоатација, па дури и смрт.

Долгорочниот недостиг на дожд во земјата предизвика недостаток на вода, тројно зголемувајќи ја цената за водата која чини 15 долари по барел (околу 150 литри). Три четвртини од животните веќе се угинати, а родот на житото е намален за 75%, што на големо се одразило на растот на цената врз прехранбените продукти.

Пред пет години, околу 250 илјади луѓе, меѓу нив и 130 илјади деца го изгубиле животот – изјавил директорот на здружението ‘Save the Children’ во Сомалија. Не смееме да дозволиме да се повтори оваа трагедија. Напогодените заедници Здружението веќе помага со достава на вода, здравствена поддршка и прехранбени продукти, како и бонови за храна и пуштање пари на семејствата да можат да се соочат со кризата

09/02/2017 09:38