Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Генерална аудиенција

Христијанската надеж е во спознанието дека Бог нѐ љуби

Папата на Генералната аудиенција во среда - ANSA

16/02/2017 11:30

Да се спознае дека Бог нѐ љуби е „коренот“ на христијанската надеж која никогаш не посрамува, која никој не исклучува, ниту маргинализира - рече папата Фрањо на Генералната аудиенција на 15 февруари 2017 година во салата Павле VI.

Светиот Отец ја продолжи серијата катехези за христијанската надеж, а во центар на неговото размислување беше делот од Посланието на свети апостол Павле до Римјаните. Ппаата истакна дека христијанската надеж е посебен дар, кој не ги исклучува другите, туку ги зближува луѓето. Ккао христијани сме повикани со понизност и едноставност да бидеме нејзини „канали“, како би допрела до сите – рече Папата.

Нашата најголема гордост е да се има Бог Отецот, кој нема миленици и никој не исклучува – продолжи папата Фрањо, додавајќи дека Отецот всушност ја отвора врата на својот дом на сите луѓе, поаѓајќи од последните и најоддалечените, а така и ние би требало да се помагаме едни на други. Но треба да се биде внимателен со „фалењето“, бидејќи тука не станува збор за самопофалба, туку за спознавање на „светлото од Светиот Дух“ – предупреди Папата. Со други зборови кажано, тоа е милост Божја.

Од мали нѐ учат дека фалењето не е убаво – рече Папата и продолжи: И тоа е добро, бидејќи фалењето со она што сум ии што поседувам, е еден вид на горделивост, а исто така открива недостаток на почит кон другите, посебно кон оние кои имаат помалку од нас. А свети Павле во Посланието до Римјаните два пати повикува да се фалиме. Во првиот случај сме повикани да се фалиме со тоа што преку верата во Исус Христос имаме пристап до милост, во која стоиме. Свети Павле сака да ни помогне да го сфатиме следното: ако научиме секоја работа да ја читаме во светло на Сетиот Дух, ќе сфатиме дека сѐ е милост, сѐ е дар. Кога на овој начин се фалиме, в мир сме со Бог и доживуваме искуство на слобода, а тој мир потоа се протега на сите подрачја и сите односи во нашиот живот – рече папата Фрањо.

Светиот Отец потсети на зборовите на свети Павле да се фалиме и во неволјите и во страдањата. Тоа ни паѓа повеќе тешко, отколку фалењето за кое претходно зборував – рече Папата, додавајќи дека мирот, кој сака Господ да ни ги дарува, не е мир без грижи, страдања, неуспех и разочарувања. Имено, таквиот мир би бил со краток век, а после тоа би ми било уште полошо.Мирот кој доаѓа од верата навистина е милост: станува збор за спознание дека Бог секогаш ни е близок и дека никогаш нема да нѐ напушти. И тоа раѓа постојаност, бидејќи и во најтешките и најпотресните моменти сме свесни дека Божјото милосрдие и добрина се поголеми од секоја твар и ништо не може да не раздели од заедништвото со Него.

Според тоа, христијанската надеж е нешто цврсто, бидејќи таа никогаш не посрамува. Надежта не се темели на нешто што можеме да направиме или да бидеме, туку станува збор за тоа да ја почувствуваме љубовта Божја. Потоа Папата ги праша присутните: „Дали секој од нас е во состојба да може да каже: „Бог ме љуби“? Тоа не е едноставна реченица, но е факт. Светиот Отец истакна дека е добра вежба да се повторува реченицата „Бог ме љуби“.

После катехезата Папата се обрати до полските поклоници и се присети на двајцата заштитници на Европа - светите Кирил и Методиј. Имајќи го на ум нивниот пример, Светиот Отец на крајот рече: Тие и ден денес ја потсетуваат Европа како и сите нас дека е потребно да се одржува единството во вера, традиција и христијанска култура и секојдневно да се живее Евангелието.

РВ/к.мк

16/02/2017 11:30