Cоцијални мрежи:

RSS:

App:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Говори - Хомилии

Папата: Војната започнува во човечкото срце

Папата - света Литургија во капелата на домот Света Марта; 16 февруари 2017 година

17/02/2017 11:48

Војната започнува во човечкото срце, затоа сите сме одговорни за мирот – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 16 февруари 2017 година во капелата на домот Света Марта. Папата рече дека многу народи трпат затоа што моќниците и трговците со оружје сакаат војна.

Осврнувајќи се на првото читање од Книгата Битие, кое говори како Ное после потопот го ослободува гулабот, Папата се осврна на трите слики опишани во читањето: голубот, виножитото и сојузот. Гулабот се враќа со маслинов лист кој е знак на мирот, кој Бог го сака после потопот. Кревки се и гулабот и виножитото. Виножитото го прекрива облакот, а и гулабот не е силен – рече Папата, присетувајќи се на сцената кога галеб пред две години уби гулаб кој го ослободи од прозорецот на Апостолската палата.

Народот умира во војни кои ги сакаат моќниците и трговците со оружје

Божјиот сојуз со луѓето е цврст, но луѓето се слаби. Бог со луѓето склопува сојуз на мирот, а мирот не е лесно да се чува. Секојдневно треба да се чува мирот, затоа што во себе го носиме семето, источниот грев, духот на Каин, кој од завист, алчност и желба за власт започнува војна. Говорејќи за сојузот помеѓу Бог и луѓето, Папата рече дека се спомнува крв. „А и вашата крв, односно вашиот живот, ќе го барам, од секој ѕвер ќе го барам, исто така, душата човечка од раката на човек, од раката на братот негов.“ Ние сме чувари на своите браќа; а кога има пролевање на крв, тогаш има грев, Бог ќе побара сметка – рече папата Фрањо.

Во светот денес се пролева крв. Светот е во војна. Мноштво невини луѓе умираат затоа што господарите и моќниците сакаат поголема моќ и заработка од продажбата на оружје. Божјото Слово во поглед на тоа е многу јасно: „А и вашата крв, односно вашиот живот, ќе го барам, од секој ѕвер ќе го барам, исто така, душата човечка од раката на човек, од раката на братот негов.“ И од нас Бог ќе бара сметка за крвата на нашите браќа и сестри кои страдаат заради војната – рече Светиот Отец.

Да се чува мирот, најавата за војна започнува во секој од нас

Како го чувам гулабот, односно мирот? Што правам виножитото секогаш да се гледа? Што правам за да не се пролева крв во светот? – рече Папата, потврдувајќи дека сите сме одговорни за мирот, истакнувајќи дека молитвата не е формалност, заземањето за мирот не е формалност. Папата рече дека војната започнува во човечкото срце, во домот, во семејствата, меѓу пријателите, а потоа се шири понатаму, на целиот свет. Што правам кога чувствувам дека во срцето ми се вовлекува нешто што сака да го уништи мирот? – праша папата Фрањо.

Војната започнува овде, а завршува на друго место. Вестите ги читаме од весниците и ги гледаме на телевизија. Луѓето умираат, а семето на војната во моето срце кое доаѓа од зависта, љубомората е истото семе на бомбата која паѓа на некоја болница, на некое училиште и убива деца. Исто е семето. Војната започнува во нас, затоа е оправдано прашањето: „Како да се чува мирот во своето срце, во своето семејство? Мирот треба да се чува и секој ден за мирот да се работи. Така во целиот свет ќе оствариме мир – рече Папата.

Сеќавање на свршетокот на војната

Христовата крв остварува мир, а не крвта на мојот брат, или крвта која во големите војни ја пролеваат трговците на оружје или земските моќници – истакна Папата, а потоа раскажа како дете доживеал свршеток на војна. Нека Бог ни даде милост за да можеме во своето срце, семејството, населбата, на работното место и во светот да навестуваме свршеток на војна. Гулабот ќе биде поотпорен, виножитото попостојано, а сојузот цврст – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

17/02/2017 11:48