Cоцијални мрежи:

RSS:

App:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата во недела ќе посети римска парохија

Папата при посета на римска парохија - AFP

17/02/2017 12:00

Папата Фрањо во недела 26 февруари 2017 година ќе ја посети римската парохија во Понте ди Ноне на Истокот од Римската бискупија. Во црквата Света Марија Јозефа од Срцето Исусово Папата ќе служи неделна света Литургија. Претходно ќе се сретне со деца, млади, болни, волонтери и семејства од парохијата, јавува ватиканскиот прес центар.

Станува збор за тринаесета по ред посета на папата Фрањо на римска парохија. Парохијата Света Марија Јозефа од Срцето Исусово брои 20.000 верници. Папата Иван Павле II. (1978-2005) ја посети оваа римска парохија во декември 2001 година. Парохиската црква е посветена на шпанската основателка на монашка заедница Марија Јозефа од Срцето Исусово (1842-1912), која беше прогласена за светица на 1 окотмври 2000 година од папата Иван Павле II.

РВ/к.мк

17/02/2017 12:00