2017-02-22 09:47:00

Папата повика на молитва за „светиот срам“


Нека Господ ни ја даде милоста на „светиот срам“ пред искушението на воздигнувањето, кое не го штеди никого, па ниту црковната заедница – молеше Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 21 февруари 2017 година, во капелата на домот Света Марта.

Сите ќе бидеме искушувани, поаѓајќи од тој факт во христијанскиот живот, Папата во проповедта рече дека сите оние кои сакаат да служат треба да се подготват за соочување со искушенија. Евангелието зборува за Исус кој на учениците им ја навестува својата смрт, тие пак не го разбирале, а се плашеле да го прашаат. Тоа е „искушение да не се извршува посланието.“ Ѓаволот во пустината три пати го искушувал на Исус, а потоа на Петар, кога Исус му ја навестил својата смрт – рече Папата.

Исушението за воздигнување постои и меѓу епископите и во парохиите

Евангелието зборува за едно друго искушение: учениците по патот се расправаат за тоа кој е најголем меѓу нив, а молчат кога Исус ги прашува за што разговараат, затоа што се срамат од својот разговор. Тие биле добри луѓе, сакале да Го следат Господ, да Му служат на Бог. Но, не знаеле дека патот на служењето на Господ воопшто не е лесен, не е како зачленување во некое здружение. Од тоа се плашеле. Од почетокот сѐ до денес во Црквата имало, постои и ќе го има искушението на световноста. Во парохиите се водат борби затоа што сите сакаат да бидат на чело на здружението, сакам да бидат големи и важни – рече Папата додавајќи:

Искушението поттикнува на озборување на другата личност и на сопствено воздигнување; на свештениците ги поттикнува да се борат за парохиите, а епископите за подобри бискупии, сите сакаат угледни и богати парохии и бискупии, затоа од другите бараат поддршка за да ги остварат своите желби. Со право можеме да се запрашаме: Дали овде е Бог? – рече папата Фрањо.

Светиот срам против искушението на световноста: слуги сме бескорисни

Желбата за поголема важност нѐ насочува на патот кон световноста. Папата поттикна на молитва Бог да ни ја „даде милоста на срамот кога ќе се најдеме во тие околности.“ Исус навистина ја превртува таа логика: ги потсетува дванаесетмината дека „ако некој сака да биде прв, нека биде последен и да им служи на сите,“ а зема едно дете и го става меѓу учениците. Папата поттикнува на молитва за Црквата, „за сите нас,“ Бог да нѐ брани од „искушението на воздигнување, од искушението да се чувствуваме поголеми од другите.“

Нека Бог ни ја даде милоста на срамот, светиот срам, да се срамиме кога ќе се најдеме во таква околност, пред искушение: Дали сум способен така да мислам? Кога го гледам својот Господ на крстот, сакам ли да го користам за сопствено воздигнување? Нека Господ ни ја даде милоста за едноставност на едно дете, да го бараме само патот на служењето... Или можеби замислувам некое друго прашање: Господи, ти служев цел живот. Цел живот бев последен. А сега, што? Што ни вели Господ? Кажи за самиот себе: Слуга сум бескорисен – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.