2017-02-24 09:59:00

Папата и рабинот Скорка: Тората е дар на дијалогот


Ова е собирање околу Тората, односно околу Господовиот дар, околу Неговите објави, Неговите зборови – со тие зборови папата Фрањо на 23 февруари 2017 година ја пречека делегацијата на еврејски претставници на една издавачка група, која ја предводеше аргентинскиот рабин Абрахам Скорка, пријател на Папата уште од времето во Буенос Аирес, кој на Светиот Отец му го претстави новото издание на Тората.

Тората е сојуз со Бог; ја изразува Господовата длабока татковска љубов, содржана во зборовите и конкретните гестови; љубов која станува сојуз – рече Папата и му се заблагодари на рабинот, кој го нарече „брат и пријател.“ Токму тој збор „сојуз“ е богат со одеци кои нѐ зближуваат – истакна Светиот Отец. Бог е најголем и верен Сојузник. Го повикал Авраам за да направи од него народ кој би станал благослов за сите народи на земјата, и сонува за свет во кој мажите и жените се Негови сојузници, и затоа живеат во хармонија едни со други, и со создавањето.

Среде бројните човечки зборови кои водат до поделби и конкуренција, божествените зборови на сојузот на сите им ги отвораат патишта на доброто по кои треба да поминат заеднички. И Тората исто така – објасни Папата – е плод на сојузот меѓу луѓето од различни националности, возраст и вероисповед, кои знаеле заедно да работат. Братскиот и институционалниот дијалог помеѓу евреите и христијаните, веќе е зацврстен и делотворен, и тоа преку постојано сочување во соработката. Овој ваш денешен дар целосно се вклопува во тој дијалог, кој не се изразува само со зборови, туку и дела – рече папата Фрањо.

Таквото дијалошко однесување Светиот Отец го гледа во воведниот дел кој е додаден пред текстот на Тората, како и во белешката за издавачот. Тие – објасни Папата – покажуваат отворено културно гледање, во заедното почитување и мирот, и во согласност со духовната порака на Тората. Потоа ги истакна заслугите на важните верски личности кои грижливо ја уредиле и книжевната димензија на новото издание, како и сликите во боја кои на книгата и даваат уште поголема вредност. Секое издание на Светото Писмо има духовна вредност која бесконечно ја надминува материјалната – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.