2017-03-03 16:33:00

Епископот од Ј. Судан: Народот се моли за посета на Папата


Папата Фрањо за време на посетата на англиканската парохија Сите Светии во Рим, изрази желба оваа година заедно со надбискупот од Кантербери, Џастин Велби да го посетат од војната погодениот Јужен Судан.

Папата рече дека со соработниците ја разгледува можноста за патување во Јужен Судан, затоа што кај него дошле заедно тројцата епископи – англиканскиот, презбитеријанскиот и католичкиот – и го замолиле да дојде во таа земја. Тие се надеваат дека присуството на римскиот епископ и англиканскиот примас ќе помогне во постигнувањето на мирот. Минатата недела Светиот Отец упати силен апел за Јужен Судан, барајќи конкретна помош за населението кое трпи заради големиот недостиг на храна, каде „на смрт од глад се осудени милиони луѓе, вклучувајќи и голем број деца.“

Во разговор за Радио Ватикан јужносуданскиот епископ на Jej, монс. Ерколано Лод Томбе, ја коментираше можноста за доаѓањето на Папата во таа земја. „Сите Јужносуданци, па и не христијаните се воодушевени со тоа што Папата би можел да го посети Јужен Судан,“ рече епископот Лод Томбе. Тој истакна дека папата Фрањо не ветил дека ќе дојде, туку изразил надеж дека ќе ја посети таа земја и јужносуданскиот народ се моли за посета на Светиот Отец. Неговата посета би била од „големо значање за нашата вера и нашите животи, па и за нехристијаните,“ рече епископот. (...)

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.