Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата на насловната страница на списанието Ролинг Стоне

Папата Фрањо на насловната страница од Ролинг Стоне - ANSA

10/03/2017 10:47

Папата Фрањо се појави во новиот број на списанието за музика, политика и култура „Ролинг Стоне“, по повод претстојната Апостолска посета на Милано во 25 март 2017 година.

Списанието обработува две репортажа за папата Фрањо и го објаснува изборот на фотографијата на насловната – Папата насмевнат со кренат палец. Гест, кој може да се види при обиколките на папата Фрањо меѓу верниците за време на Генералната аудиенција, која се одржува секоја среда во Ватикан.

Објаснувајќи за изборот, списанието истакнува: „папата Фрањо ги воодушеви сите млади со своето внимание кон последните и сиромашните, со својот јазик близок до обичните луѓе и со својата достапност и популарност. Еден папа кој е во чекор со времето и кој навистина зборува смислени работи".

Папата Фрањо се појави на насловната страница на американското издание на „Ролонг Стоне“ во јануари 2014 по повод првата година од понтификот. Уште тогаш музичкото списание искажа пријатен однос кон папата Фрањо.

РВ/к.мк

10/03/2017 10:47